ШТО АКО,..

Што ако,
...одлучам да поминам со моите прсти низ твојата коса,
Само колку да те возбудам,..

Што ако,
...одлучам нежно да ги погалам твоите увца и тивко
Да почнам да шепотам во нив,..

Што ако,
...така те направам ранлива на мојот заводлив глас
Што во моментов го слушаш во твојата глава,..

Што ако,
...тој ти вели, „Опушти се,..
Дозволи си да се чувствуваш прекрасно,
секогаш, кога јас ти зборувам.
Отвори се на секоја возбудлива сензација
што ја создавам во тебе.
Стани едно со неа и уживај
уште повеќе во пријатните мигови,
во овој маѓичен час и задоволи ги своите
исконски женствени потреби,..
Самата најдобро знаеш кои се тие,..
нели?..

Што ако,
...почнам да ги бакнувам твоите меки усни,
Само за да ја вшмукам нивната страст,..

Што ако,
...ја омекнам твојата кожа
Бакнувајќи ги твоите очи,..

Што ако,
...ги наежам влакненцата
Бакнувајќи го твојот тенок врат,..

Што ако,
...почнеш да го прекршуваш cвоето тело
Додека ги стискам твоите гради,..

Што ако,
...почнеш да ги чувствуваш пеперутките
секогаш кога ќе поминам со раката по твојот стомак,..

Што ако,
...истите пеперутки се спуштат долу,..
И те прават зачинета во меѓуножјето,..

Што ако,
...со другата рака поминам на тоа место
Само за да ја соберам таа течност,..

Што ако,
сега,.. застанам,.. за момент,.. и направам,..
Да се чувствуваш најпосакувана жена во светот,..

Дали тогаш,..

Престани да се фаќаш
И НАПРАВИ МИ СЕНДВИЧ ?!?